ВИДЕО: Австријците голгетерски „нерасположени“ пред мечот со Македонија

Австрија Словачка фудбал
epa09251222 Juraj Kucka (L) of Slovakia and Martin Hinteregger (C) of Austria in action during the International Friendly soccer match between Austria and Slovakia in Vienna, Austria, 06 June 2021. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Денеска се одиграа нови пријателски натпревари како финална подготовка пред стартот на Европското првенство, а за кои исто така се и во наш интерес.

Две репрезентации ги одиграа последните контролни средби пред патувањето за Букурешт, првиот ривал на Македонија на ЕП, селекцијата на Австрија во Виена одигра само 0:0 против Словачка.

Еве како изгледаше стартниот состав на Австрија со формација 4-2-3-1: Бахман – Улмер, Хинтерегер, Лиенхарт, Тримел – Алаба, Грилич – Баумгартнер, Сабицер, Лазаро – Калајџиќ.

Пред четири дена во Мидлзброу Австријците имаа уште една пријателска средба со минимален пораз од Англија (1:0). Така, без постигнат гол избраниците на селекторот Франко Фода ќе го дочекаат мечот со Македонија на 13 јуни во Букурешт со почеток од 18.00 часот.

После ремито во Енсхеде со Шкотска (2:2), Холандија на вториот контролен дуел во Амстердам со 3:0 триумфираше над Грузија.

„Лалињата“, кои исто така се наши противници во групата „Ц“ на ЕП, дојдоа до триумфот со головите на Депај од пенал во 10 минута, истиот играч асистираше во вториот погодок реализиран од Вегхорст во 55 минута, а конечниот епилог го постави Гравенберх (76`).

Еве како изгледаше стартниот состав на Холандија со формација 5-3-2: Стекеленбург – Вијндал, Блинд, де Врај, Тимбер, Дамфрис, де Јонг, Вајналдум, де Роон – Депај, Вегхорст.

Во другите пријателски натпревари: Данска-Босна и Херцеговина 2:0, Англија-Романија 1:0, Луксембург-Шкотска 0:1 и Молдавија-Азербејџан 1:0.

Хрватите се испокараа пред ЕП, Крамариќ влезе во кавга со селекторот Далиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот