Полиција во Сиднеј/Фото: Martin KEEP / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Австралија: Еден убиен, двајца повредени во напад со нож во Сиднеј

Еден маж почина, а двајца други се тешко повредени во напад со нож во Сиднеј утрово, соопшти полицијата.

Мажот кој беше уапсен по смртоносен напад со нож во западниот дел на Сиднеј избега од болница додека бил префрлен меѓу болници за итно лекување пред повеќе од една недела, соопштија здравствените власти, пренесува Еј-би-си Австралија.

Службите за итни случаи беа повикани во западното предградие на австралиската метропола околу 10:00 часот по локално време откако маж наводно избодел луѓе пред да избега пеш, според соопштението за медиумите од државната полиција на Нов Јужен Велс. Нападот се случил во прометен шопинг-зона во Мерилендс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABC Sydney (@abcinsydney)

Болничарите им пружиле медицинска помош на три лица со сериозни повреди, но маж на возраст меѓу 30 и 50 години починал на самото место, изјави вишиот полицаец Сајмон Глејзер .

Другите две жртви, 22-годишен маж и 47-годишна жена, биле однесени во болница во критична состојба, додаде тој.

Глејзер рече дека наводниот напаѓач бил уапсен кратко време подоцна за време на рација во областа, зад блиската куќа на улицата Смит и однесен во полициската станица Гранвил.

Уапсениот напаѓач во Сиднеј/Фото: NSW Police Force

„Наводниот сторител ѝ е познат на полицијата по ситни прекршоци и историја на проблеми со менталното здравје “, рече Гласер, додавајќи дека требало да се појави на суд подоцна во текот на денот.

„Сè уште е многу рано во истрагата“ и полицијата „не знае кој бил мотивот“, но „се чини дека станува збор за случаен напад“, рече полицаецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот