ВИДЕО | Астрономите првпат забележаа ѕвезда како „голтнува“ планета

Фото: Twitter/ Massachusetts Institute of Technology

Астрономите имаат забележано ѕвезди непосредно пред или откако ќе бидат „голтнати“ од планетите, но никогаш досега не бил евидентиран самиот процес. Се верува дека повеќето планети ќе го дочекаат својот крај кога нивната ѕвезда домаќин ќе снема енергија., пишува „Би-би-си“.

Фото: Instagram/ BBC News

Во новата студија, тим од научници од Технолошкиот институт во Масачусетс, Универзитетот во Харвард и Технолошкиот институт во Калифорнија дошле до случајно откритие. Тие прво забележале ѕвезда која ненадејно се зголемила во светлината за повеќе од 100 пати во период од само 10 дена. Понатамошните набљудувања утврдиле дека „проголтаната“ планета е со слична маса на Јупитер, а била толку блиску до својата ѕвезда што ја завршила својата орбита за само еден ден.

Ѕвездата, која е доста слична на Сонцето, ја „проголтала“ планетата во период од околу 100 дена, почнувајќи со нејзините рабови, при што се исфрлила прашина. Во последните десет дена се случила силна експлозија, бидејќи планетата била целосно уништена и „проголтана“ во ѕвездата.

Експертите сугерираат дека Земјата ќе има сличен крај, но не за уште пет милијарди години, кога се очекува Сонцето да изгори, а со тоа да ги изгори планети на Сончевиот систем. Се претпоставува, дека настанот ќе биде „помалку драматичен“, бидејќи карпестите планети како што се Земјата, Меркур и Венера се многу помали од гасните џинови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот