фото: EPA-EFE/Daniel Hambury

ВИДЕО: Арсенал со шампионски пресврт на „Емирати“, се вратија насмевките во Челси

„Тобџиите“ беа апсолутни фаворити, на крајот после два голови заостанување стигнаа до голема и важна победа во Премиер лигата против Борнмут со 3:2.

Арсенал се бори сезонава за освојување на титулата, после 20 победа има пет бодови предност во однос на второпласираниот Манчестер сити кој претходно славеше над Њукасл.

Водеа гостите по првиот дел со голот на Билинг во првата минута, а во 57 минута ја зголемија позитивата преку Сенеси.

Парти во 62 минута го најави пресврт на домаќините, израмни Вајт (70`), а во судиското надополнување (90+7`) Нелсон го постави конечниот епилог.

Челси по подолг период вкуси триумф, последен пат во Премиер лигата забележа победа на 15 јануари. Лондонските „сини“ после пет мечеви без триумф денеска го совладаа Лидс (1:0) со голот на Фофана во 53 минута.

Во другите натпревари: Астон Вила – Кристал палас 1:0, Брајтон – Вест хем 4:0 и Вулверхемптон – Тотенхем 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот