фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

ВИДЕО: Манчестер сити рутински славеше во дербито на Премиер лигата

Манчестер сити не дозволи никакво изненадување во рамките од 26 коло во Премиер лигата, на домашен терен со 2:0 триумфираше над Њукасл.

Головите за „граѓаните“ ги постигнаа Фил Фоден во 15 и Бернардо Силва во 67 минута од средбата на стадионот „Етихад“ во Манчестер.

Играчите на Пеп Гвардиола се на втората позиција на табелата со 58 бодови, два помалку од водечкиот Арсенал кој својот меч ќе го има од 16.00 часот дома против Борнмут.

Њукасл кој се наоѓа во резултатска криза и веќе петти натпревар по ред не знае за победа, се наоѓа на петтата позиција со 41 бод.

Во следното коло Сити ќе му гостува на Кристал палас, додека Њукасл е домаќин на Вулверхемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот