ВИДЕО | Аријана Гранде проговори за тешкиот период во животот: „Немав сила да размислувам…“
Аријана Гранде ja откри неочекуваната заднина на модниот стил по кој беше препознатлива во еден период од животот, комбинацијата од широка дуксерка и високи чизми. Пејачката се присети на, како што вели, чудниот период од својот живот кога единствено што сакала било да се скрие од јавноста.
Препорачано
Во 2018 година, Гранде стана препознатлива по широките тренерки, карактеристичното високо опафче и чизмите до колена. Овој стил брзо стана нејзин заштитен знак, а фановите често го копираа и го носеа на нејзините концерти.
Во новата епизода од серијата на „Вог“ – „Life in Looks“, Аријана објасни дека зад сè стоела лична причина.
„Кога ќе се присетам на 2018 година, знам дека тогаш се иселив од мојот стар стан во Њујорк. Тоа беше навистина чуден период од мојот живот. Поминував низ многу работи и постојано сакав да се скријам во нешто удобно. Сепак, поради чизмите, и понатаму се чувствував моќно“, изјави таа.
Пејачката призна и дека во тој период немала енергија да се занимава со мода.
„Искрено, тогаш немав сила да размислувам за облека. Најлесно ми беше да облечам дуксерка и чизми и така сè започна. Жал ми е што морам да го кажам ова, но тоа е вистината“, додаде Гранде.
ВИДЕО | „Изгледаш болно“: Аријана Гранде им одговори на оние кои ѝ го критикуваат изгледот
ФОТО | Аријана Гранде проговори за тоа како ги доживува критиките за својот изглед


