ВИДЕО | Ангелов: Не смееме да ја затвориме целата држава, ако можеме да менаџираме на овој начин

Во една непрогласена војна против невидливиот непријател сум предводник на главниот штаб за координација и директор на Центарот за управување со кризи. Во кризна ситуација сум и на дневна основа соработувам со повеќето министри а по потреба со премирот. Не треба да заборавиме дека главен менаџер на ковид кризата во Македонија е премиерот, истакна во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанчо Ангелов.

-И сега ставете се во кожата на Заев кој преговара со Бугарија и се грижи за ковид кризата. Владата треба да има соодветни институции кои ќе покриваат одредени области. Затоа во во 2005 година е донесе Закон за управување со кризи, со кој што е предвиден оовој Центар за управување со кризи кој што ги обединува сите институции поврзани со одредена криза,  вели Ангелов.

-На почетокот имаше конфузија, но таа е надмината. Мојот начин на работа е јасен. Почитување и спроведување на законите и правилата. Можам да се пофалам и да ја пофалам владата дека сите надлежности кои ги имаме како институција целосно ги исполнуваме, додава Ангелов.

-Делот кој што е во наша надлежност одлично го покриваме. Во овој момент без разлика на високиот број на заразени е под контрола. Во целиот регион, па и целиот свет има зголемен раст. Не смееме да ја затвориме целата држава, ако можеме да менаџираме на овој начин. Луѓето почнуваат да стануваат поодговорни, но недоволно. И тука имам една идеја – Дали застрашување на луѓето преку кампања да ги видат вистински реалните болни ќе има позитивна или негативна улога во шитрењето на болеста. Како што е и со сликите кај цигарите така да биде и во со болните од ковид-19, вели Ангелов.

Во поддршка на полицијата за обезбедување на објектите согласно потребите на Министерството за здравство ќе учествуваат вкупно 295 припадници на Армијата.

Ова е дел од стратегијата по прогласувањето на 30-дневната кризна состојба во државата, за што, по предлог на државата, одлука донесе Владата како мерка за борба против ширењето на коронавирусот.

Во овој момент околу 150 полицајци и 300 припадници на Армијата ќе бидат ангажирани за обезбедување на здравствени објекти. Припадниците на Армијата нема да бидат вооружени и ќе бидат распределени само онаму каде што ќе биде тоа неопходно, но исклучиво како придружба на полициските службеници.

-Војниците се уште не се распределени, но ние немаме потреба од итност. Вчера управувачкиот комитетго потврди планот кој што е како анекс на нашиот акционен план, во кој што е прецизирано за колкава бројка се работи. Побарав од соодветните служби во МВР да направат проценка на објектите кои што треба да се обезбедуваат, и добивме бројка од потребни 443 луѓе. Ова е прецизна бројка, но оставивме простор за промени, вели Ангелов.

Целиот разговор со Ангелов проследете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот