Бријана ЛаПаглија - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Американска инфлуенсерка со остра критика за „оземпик“: „Ќе умрете, сите ќе умрете“

Американската инфлуенсерка Бријана ЛаПаглија (26) отворено проговори за сѐ почестата употреба на лекот „оземпик“. Во видео објавено на Тикток на 10 март, таа го изнесе своето мислење за популарниот лек за слабеење од групата GLP-1, кој во последните години стана многу популарен, пишува „Пипл“.

@ihatebriannachickenfry♬ original sound – Brianna LaPaglia

„Ова не е драма, навреда или омраза – само малку истражување на терен“, започна ЛаПаглија во видеото.

Потоа, без задршка, го изнесе својот став:

„Секоја жена што ја познавам е на оземпик. Луѓе кои воопшто не го потребуваат. Разбирате?“

Таа додаде дека е сигурна дека и сама би ослабела доколку го користеше лекот, но потенцираше дека оземпик „не ѝ е потребен“. Видеото заврши со доста мрачна порака:

„Ќе умрете. Сите ќе умрете.“

Овие коментари доаѓаат по претходните изјави на инфлуенсерката за нејзиното лично искуство со слабеење. Во ноември 2024, таа на Тикток раскажа дека нагло ослабела по прекинот со пејачот Зак Брајан, со кого се разделила еден месец претходно.

„По природа сум многу слаба, отсекогаш бев таква. Таква ми е градбата. Секогаш бев слаба, но здраво слаба“, изјави таа тогаш.

Таа откри дека во тој период тежела исто како на 15 години, потенцирајќи дека тоа не било затоа што „не сакала да јаде“, туку затоа што била „физички болна поради сè што психички го преживувала“.

Во видео објавено во декември 2024, таа сподели новости за своето здравје и откри дека се вратила на здрава тежина.

„Имам добри вести. Мислам дека вратив околу пет килограми“, рече на почетокот на видеото. „И тоа е супер, бидејќи повторно го добив апетитот.“

Оземпик е лек за дијабетес тип 2 кој последните години стана многу популарен и за слабеење, бидејќи може да го намали апетитот и да помогне во контрола на внесот на храна.

Последните години, повеќе познати личности јавно признаа дека користеле оземпик или слични GLP-1 лекови. Меѓу нив се Опра Винфри, која изјавила дека го користи лекот како дел од здравствената рутина, Вупи Голдберг која зборувала за користење на Mounjaro, Ребел Вилсон која призна дека накратко користела оземпик, како и Ејми Шумер, Шерон Озборн и Трејси Морган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот