ВИДЕО: Алкараз го совлада Чилиќ, познати четвртфиналните двојки на „УС Опен“
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на „УС Опен“ откако утрово го совлада Хрватот Марин Чилиќ со 6:4, 3:6, 6:4, 4:6, 6:3 по три часа и 54 минути игра.
Препорачано
Алкараз во четвртфиналето ќе се сретне со Италијанецот Јаник Синер, кој исто така по пет сета победи против Белорусинот Илја Ивашка со 6:1, 5:7, 6:2, 4:6, 6:3.
– Цело време верувам во себе. Беше тешко на почетокот на петтиот сет, заостанав за еден „брејк“. Поддршката на „Артур“ Еш беше неверојатна. Марин одигра неверојатно. Беше тешко да се вратиш, да останеш психички силен – рече Алкараз по мечот, а пренесува официјалниот сајт на УС Опен.
Во женска конкуренција пласман помеѓу најдобрите осум тенисерки обезбеди Каролина Плишкова која со 2:1 во сетови 7:5, 6:7 (5) и 6:2 ја совлада Белорусинката Викторија Азаренка.
Шестата носителка на турнирот во Њујорк, Арина Сабаленка (Белорусија) триумфираше над Американката Дениел Роуз Колинс по пресврт со 3:6, 6:3 и 6:3
„УС Опен 2022“
Четвртфинале, двојки –
(мажи)
Ник Кирјос – Карен Хачанов
Матео Беретини – Каспер Руд
Јаник Синер – Карлос Алкараз
Андреј Рубљов – Френсис Тиафо
Четвртфинале, двојки –
(жени)
Ига Швјонтек – Џесика Пегула
Каролина Плишкова – Арина Сабаленка
Коко Гоф – Каролин Гарсија
Унс Жабир – Алја Томљановиќ


