ВИДЕО: Алиоски и Фенер од 0:3 до 3:3 против Рен, АЕК Ларнака на Тричковски во Лигата на конференции

Фенербахче се врати од голема негатива против Рен/Истанбул, Турција/27 октомври 2022/фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Во петтото претпоследно коло од групната фаза во Лигата на Европа екипата на АЕК Ларнака ремизираше на домашен терен против Динамо Киев со 3:3.

За кипарскиот клуб не настапи македонскиот напаѓач Иван Тричковски кој поради повреда (на мечот со АПОЕЛ) ќе паузира три недели. Со овој бод АЕК Ларнака го обезбеди третото место кое води во Лигата на конференции.

Во истата група „Д“ Фенербахче во Истанбул со 3:3 одигра нерешено со екипата на Рен. Иако Французите водеа со 0:3 после половина час игра, Турците се вратија и на крајот успеаја да го избегнат поразот.

При резултат 1:3, за Фенер од 60 минута настапи нашиот репрезентативец Езџан Алиоски. На табелата Фенербахче е првопласиран со 11 бодови, колку што има и Рен, следува АЕК Ларнака со четири бодови, а еден Динамо Киев.

Ердал Ракип настапи од 72 минута за шведскиот Малме кој претрпе уште еден, петти во групата „Д“, овојпат дома од белгискиот Ројал Унион со 0:2

Во другите мечеви: Лацио – Митјиланд 2:1, Лудогорец – Бетис 0:1, ПСВ – Арсенал 2:0, Унион Берлин – Брага 1:0 Цирих – Бодо/Глимт 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот