Клаус Кински/Настасја Кински/Фото: Picryl/Flickr

ВИДЕО | Актерката го прекина молкот: Татко ми ме силуваше од мојата петта година, тортурата траеше 14 години

Пола Кински, постарата ќерка на славниот германски актер Клаус Кински, 31 година по смртта на татко ѝ одлучила да проговори за страшното злоставување што го преживеала од најрана возраст, односно од својата петгодишна возраст.

Како што раскажала, нејзиниот татко, најпознат по улогите во филмовите на Вернер Херзох, ја силувал од кога таа имала 5 години и дека таа тортура траела 14 години.

„Секогаш премногу ме допираше, ме држеше толку цврсто покрај себе што мислев дека не можам да побегнам. Во тоа време имав четири или пет години и живеевме во Менхетен. Инстинктивно препознав дека тоа не е прегратката на мојот татко, туку повеќе од тоа“, раскажала.

„Тој не беше татко. Дури 99 отсто од времето бев преплашена во негово присуство. Беше толку непредвидлив што семејството живееше во постојан страв. Почна да ме допира и да ме бакнува кога бев многу мала, имав само 5 или 6 години“, изјавила Пола која е актерка и живее во Германија.

Нејзиниот татко е мртов веќе 33 години, а поради фактите дека Клаус нема можност да се брани од овие обвиненија, за многу од тврдењата на Пола постојат и сомнежи.

Таа, пак, тврди дека сите овие години живеела во страв дека никој нема да ја поддржи, но дека конечно дошол моментот за сѐ да проговори.

Пола тврди дека со години трпела насилство, како физичко така и психичко и дека вербалните навреди биле речиси како „добар ден“ за неа.

„Како дете секогаш молчев поради тоа што ме плашеше. Зависев од него и неговото внимание“, изјавила таа и додала дека татко ѝ зборувал дека неговото однесување е целосно нормално и дека во тоа нема ништо лошо, но и дека сите татковци ширум светот постапуваат така со своите ќерки.

„Ме ‘гризеше’ чувство на вина. Се чувствував како да сум го предала и разочарала, тогаш многу плачев“, изјавила таа и додала дека секогаш била „распната“ меѓу поривот да му удоволи и да го одбие.

„Ја напишав книгата затоа што не можев повеќе да гледам како го фалат и го возвишуваат од година в година, морав да реагирам“, изјавила Пола.

Како што тврди, токму поради тоа што нејзиниот татко го сметаат за актерски гениј и таа сакала да го раскаже својот дел од приказната во врска со тоа.

Нејзината полусестра, Настасја Кински, исто така актерка, признала дека ја злоставувал на други начини и дека еднаш се обидел сексуално да ја нападне, но неуспешно.

Пола на 19 години ги прекинала сите контакти со татко ѝ, а како што вели, кога починал, била целосно рамнодушна.

„Кога почина, ми се јави мајка ми, а јас не почувствував ништо. Ниту тага, ниту омраза“, рекла таа.

Пола нагласила дека сака да ги охрабри другите жртви на сексуално злоставување да зборуваат за своите злоставувачи, затоа што „тоа е како да сте осудени на доживотен затвор“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот