ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ: Доминираа маските на Јанева и останатите осомничени од „Рекет“ (ГАЛЕРИЈА)

Фото: Слободен печат

Василичарите од Горно и Долно маало формираа поворка со неколку стотини маски што ги претставија пред бројните гости на сретсело.

Вевчани и вевчанци и оваа православна Нова година ја дочекуваат на својот препознатлив начин – со традиционалниот Василичарски карневал, најуникатната културна манифестација во земјата.

Со традиционалната посета на „зетот и невестата” на градоначалникот почнаа возбудувањата на годинешниот карневал под маски. Василичарите од Горно и Долно маало формираа поворка со неколку стотини маски што ги претставија пред бројните гости на сретсело. Тие Старата нова 2020 година ќе ја дочекаат парадирајќи низ сокаците на селото и со посети на сите домаќинства чии порти овие карневалски дена се ширум отворени за сите гости.

Помеѓу маските можеше да се видат и главните осомничени од случајот „Рекет“, Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милески.

[foogallery id=”162296″]

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот