Вештачката интелигенција креира уверливи дезинформации

Вештачка интелегенција / Фото: Илустрација

Глобалната битка со дезинформациите и лажните вести никако не стивнува, таа периодов добива на динамика во негативна и технолошка конотација со помош на употребата на софистицирани програми чии алгоритами функционираат врз основа на вештачката интелигенција

Компјутерските и технолошки системи и апликации кои функционираат врз база на алгоритамите на програмите популарно наречени „Вештачка Интелигенција (В.И)” од ден на ден се повеќе се користат во секојдневието. Примената на В.И. во денешницата е огромна таа се користи во воените системи на армиите, на социјалните мрежи за дизајнирање на фотографии, во „кол-центрите“ на компаниите каде т.н. „чатботови” ги заменуваат луѓето во телефонските разговори со муштериите и во медиумите и блоговите на кои специјализирани страници испишуваат цели вести и информации со кои се заменуваат новинарите.
Токму оваа масовна употреба на В.И е причината поради која светската заедница е загрижена во моментов дека може да биде искористена како моќна алатка за креирање на дезинформации, особено ако знаеме дека живееме во време на војната во Украина и во период пост на пандемијата кои се одбележани токму од дивеењето на лажните вести.

ChatGPT моќен генератор на лажни вести

Во своја анализа на оваа тема престижниот американски весник Њу Јорк Тајмс пишува дека набргу откако ChatGPT дебитираше минатата година, академските истражувачи тестираа што ќе напише „чатботот” со вештачка интелигенција откако нему би му биле поставени прашања исполнети со теории на заговор и лажни наративи. Весникот пишува дека резултатите во текстовите форматирани како написи за вести, есеи и телевизиски сценарија биле толку вознемирувачки што ја загрижиле стручната јавност.

„Оваа алатка ќе биде најмоќниот инструмент за ширење дезинформации што некогаш биле објавени на интернет“, изјави за весникот Гордон Кровиц, ко-извршен директор на NewsGuard, компанија која следи дезинформации на интернет и го спроведе експериментот минатиот месец.

Тој додаде дека создавањето на сосема нов и оргинален по содржина лажен наратив на информациите сега може да се направи многу лесно на високо и драматично ниво – тоа е како да имате агенти со вештачка интелигенција кои придонесуваат за креирање на дезинформации.

Истражувачите предвидуваат дека генеративната технологија може да ги направи дезинформациите поевтини и полесни за производство за уште поголем број теоретичари на заговор и ширење на дезинформации. Персонализираните чат-ботови кои функционираат во т.н. реално време би можеле да споделуваат теории на заговор на сè поверодостојни и убедливи начини, велат истражувачите, отстранувајќи ги човечките грешки во пишувањето како лошата синтакса и погрешните преводи и напредувајќи во пишувањето без користење на копирање-лепење во текстот. Според научниците во моментов не постои ниту една достапна технологија но и тактика за превенција и ублажување против дезинформациите од овој тип.

Вештачка интелигенција/ Фото: GORODENKOFF PRODUCTIONS / Sciencephoto / Profimedia

Претходниците на ChatGPT, кој e создаденa од компанијата за вештачка интелигенција “OpenAI” во Сан Франциско, со години се користеа за да ги задоволат онлајн форумите и платформите на социјалните медиуми со (често граматички сомнителни) коментари и спам. Мајкрософт мораше да ја прекине активноста на својот чет-бот насловен како „Tay” во рок од 24 часа откако го воведе на Твитер во 2016 година а троловите на оваа социјална мрежа научија да ја употребуваат за пласирање на пораки со расистички и ксенофобичен јазик.

Од друга страна ChatGPT во моемнтов е далеку помоќен и пософистициран од сите досегашни програми од овој тип. Доколку на програмата и бидат обезбедени соодветни прашања натоварени со дезинформации, таа може да произведе убедливи, чисти варијации на содржината кои ќе бидат масовно креирани во рок од само неколку секунди.

Екстремизам и лажни вести

Во 2020 година, истражувачите од Центарот за тероризам, екстремизам и контратероризам на Институтот за меѓународни студии Мидлбери открија дека GPT-3, основната технологија за ChatGPT, има „импресивно длабоко познавање на екстремистичките заедници“ и може да биде поттикнато да произведува полемики во стил на масовни стрелци, лажни форумски теми на кои се дискутира за нацизмот, одбрана на QAnon, па дури и повеќе јазични екстремистички текстови.

Истражувачите исто така се загрижени дека технологијата би можела да биде искористена од странски агенти кои се надеваат дека ќе шират дезинформации на англиски јазик. Во овој правец организацијата NewsGuard побара од чатботот да напише содржина што унапредува штетни здравствени тврдења за вакцините, а резултатот комплетно е идентичен со пропагандата на дезинформации кои во светот се пласираат од Кина и Русија.

ВИ и како инструмент за превенци

Од друга стрнаа „вештачка интелигенција” има и позитивна употребна вредност. Во намера да се спречи ширењето на лажните вести, научници создале систем на вештачка интелигенција кој што ги регистрира и најуверливите лажни вести. Новиот американски програмски систем насловен како ГРОВЕР може да ги препознава лажните вести врз основа на нивните сензационалистички наслови.

Креаторите на програмот тврдат дека ГРОВЕР бидејќи, за разлика од другите актуелни системи што ги детектираат лажните вести со 73-отстотна точност, тој има висок процент на детекција со 92-отстотна точност. Тимот од Универзитетот во Вашингтон што го создал ГРОВЕР планира да ја спречи неговата злоупотреба така што алатката веднаш ќе ја направи достапна за пошироката јавност, па секој што сака може да ја користи за проверка на природата на објавените вести. Според креаторите на програмот, предноста на ГРОВЕР е во тоа што анализира повеќе аспекти на вести од други алатки и не го преиспитува само телото на текстот, туку и насловот, медиумот, авторот на текстот, како и други детали што би можеле да помогнат во откривањето на содржината.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот