Верона го враќа Алиоски во Европа?!

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски/ Фото: EPA-EFE/NAKE BATEV

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџјан Алиоски, во зимскиот преоден рок би можел да се врати во Европа и потпише за екипата на Верона.

Алиоски кој моментно настапува во Саудиска Арабија за екипата на Ал Ахли, се наоѓа на „радарот“ на Верона.

Екипата која настапува во Серија А во зимскиот преоден рок планира да се засили со фудбалер кој игра по левата страна. Во моментов во овој тим на таа позиција игра Дарко Лазовиќ, но на Верона и треба уште еден фудбалер.

Алиоски на почетокот од сезонава, се пресели во Саудиска Арабија во екипата на Ал Ахли, откако четири години го носеше дресот на Лидс.
Алиоски за македонската репрезентација досега одигра 54 натпревари на кои постигна 12 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот