Венецуела знаме / Фото EPA-EFE/MIGUEL GUTIERREZ

Венецуела прогласи седумдневна жалост за војниците загинати во американскиот напад

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, вчера прогласи седумдневна национална жалост за припадниците на војската кои загинаа во американската операција за апсење на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, кој се случи за време на викендот, пренесе „Гардијан“.

Си-ен-ен: Како Рубио го испланира киднапирањето на Мадуро

Според венецуелската Влада, во нападот загинале неколку десетици венецуелски офицери.

Кубанската влада, пак, во неделата соопшти дека во нападот загинале и 32 кубански воени офицери и полицајци кои биле ангажирани во Венецуела. Државата прогласи дводневна жалост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот