Фото: Принтскрин

Венецискиот филмски фестивал со поддршка за Манчевски: Жал ни е што се соочувате со масовна политичка кампања на клевети

Венецискиот филмски фестивал објави писмо со поддршка за македонскиот режисер Милчо Манчевски, во кое ја изразуваат загриженоста околу политичкиот прогон врз него како укажувач на корупција во Македонија. Во писмото потпишано од директорот на фестивалот, Алберто Барбера и претседателите на двете италијански здруженија на филмските автори, Франческо Раниери Мартиноти на здружението „АНАК-Аутори“ и Франческа Коменини на „Ченто Аутори” се посочува дека ја препознаваат и ја ценат работата на Манчевски како уметник, која секогаш се одликува со критериуми на апсолутна етичка и морална коректност, на експресивна доследност поттикната од силно чувство на општествена одговорност и интелектуална чесност.

Уште од вашиот прв филм „Пред дождот”, кој го освои Златниот лав за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Венеција во 1994 година, и кој помогна целиот свет да дознае за постоењето и квалитетот на кинематографијата во Северна Македонија. А потоа, преку вашите подоцнежни дела, меѓу кои и оние создадени надвор од вашата матична земја, со постојана цел да се вратите таму еден ден (како што и сторивте), да помогнете во зајакнувањето на филмската индустрија која сè уште има потреба од поддршка за да продолжи да расте – велат од Венецискиот филмски фестивал.

Тие се зачудени што храброто однесување на Манчевски за осудување на неправилностите од страна на Агенцијата за филм било проследено со кампања на прогон и континуирано непријателство. Се надеваат оти претстојното објавување на резултатите од новата истрага спроведена од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), конечно ќе ја расветли целата ситуација и ќе стави крај на прогонот.

Манчевски одговори дека е неверојатно што дури и една Венеција се занимава со корупцијата и политичкиот прогон во Македонија.

Корупцијата, местењето конкурси и крадењето треба да запрат во Агенцијата за филм и во ДФРМ. Не сум единствен кој очекува дека Владата и Обвинителството доблесно ќе постапат – додава тој.

Агенцијата за филм поднесе кривична пријава против продукцијата на Милчо Манчевски, ѝ го прекина финансирањето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот