Велика Британија бара екстрадиција на Кевин Спејси за да одговара за сексуалните злосторства

Фото: Твитер

Три обвиненија се однесуваат на сексуална злоупотреба кои наводно се случиле во Лондон, а една во Глостершир.

Државното обвинителство на Обединетото Кралство, (CPS) одобри четири обвиненија за сексуален напад против американскиот актер Кевин Спејси (62), пишува „GBnews“ .

Но, сега британските власти го разгледуваат официјалното барање за екстрадиција на Кевин Спејси од САД поради четирите обвиненија за сексуален напад.

Доколку процесот не биде оспорен, тоа би можело да се случи во рок од неколку недели, пренесува „Daily mail“.

„(CPS) ja одобри кривичната пријава против Кевин Спејси по четири точки за сексуална злоупотреба на тројца мажи“ , изјави во соопштението Розмари Ејнсли, шеф на Одделот за специјални криминали на „CPS“.

„Тој исто така е обвинет за наведување на лице на пенетративна сексуална активност без согласност. Обвиненијата следеа по прегледот на доказите собрани од Метрополитанската полиција во истрагата“, се вели во соопштението.

Три обвиненија се однесуваат на сексуални злоупотребувања кои наводно се случиле во Лондон, а едно во Глостершир, а тој е обвинет и за дополнителен тежок сексуален престап во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот