Вечна дилема: Дали се подгрева пирето од компири, и како?

Фото: Unsplash

Подгревањето на пирето од компири не е едноставно, во смисла само да се стави во микробранова печка, и тоа е тоа. Како и другите скробни јадења кои се прават со млечни производи, пирето од компири може да стане суво и леплив,о ако се подгрева пребрзо на висока температура.

Поради тоа за најдобри резултати прескокнете ја микробрановата. Големата топлина ја извлекува влагата од пирето и крајниот резултат нема да биде добар. Следниот пат обидете се да го подгреете во рерна, а постапката е следна:

1.Ставете го пирето во сад за печење што ќе овозможи рамномерно загревање со минимално сушење.

2.Додајте путер и павлaка, повеќе влага и масленост се двете тајни состојки за подгревање на остатоците од пире. Затоа во компирите додајте една лажица путер и 100 милилитри павлака.

3.Покријте го садот и полека загревајте на температура од 180 степени околу 20-30 минути.

За крај важно е да се напомене дека често се поставува прашањето, дали е безбедно да се подгрева пирето од компири? Нутриционистите велат дека подгреаниот компир не е ниту канцероген ниту токсичен. Но, со негово подгревање доаѓа до рекристализација на скробните зрнца, поради што тие потешко се варат и со тоа создаваат чувство на тежина во желудникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот