Вдовицата на убиениот руски шпион: Режимот на Путин ќе биде скршен

Марина Ливтиненко / Фото: Stephen Chung/LNP / Shutterstock Editorial / Profimedia

Сопругата на Александар Литвиненко, убиениот руски шпион, изјави дека режимот на Владимир Путин ќе биде скршен и ќе се крене нов. Марина Литвиненко изјави за „Скај њуз“ дека е многу значајно што некои Руси денеска дојдоа во Москва и покажаа дека се против војната.

– Многу Руси ја поддржуваат Украина. Тие прават се за Украина да победи. Многу луѓе кои живеат во Русија се плашат да излезат надвор. Сакам да и порачам на меѓународната заедница – Русите се против војна. Не треба да го поддржувате Путин или да се обидувате да објасните зошто тој ја започна оваа војна. Путин изврши злосторства. Воени злосторства – рече Литвиненко.

– Во последната година видовме колку луѓе загинаа. Сега треба да размислиме како да им помогнеме на Украинците. Украина ќе победи, режимот на Путин ќе биде уништен и нов ќе се крене – додаде таа.

Александар Литвиненко, британски државјанин, бил поранешен агент на КГБ кој продолжил да работи за МИ6 откако избегал во Обединетото Кралство. Тој, исто така, јавно го критикуваше Путин во текот на неговиот живот.

Познатиот руски шпион Александар Литвиненко, кој беше отруен во лондонскиот хотел Милениум во 2006-та година/ Фото Getty Images

Последните денови му биле многу тешки, починал по труење со полониум 210, редок и многу моќен радиоактивен изотоп, кој некој му го полил во чајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот