Прва фотографија од папата Франциск од лекувањето во болницата во Рим/Фото: EPA-EFE/HOLY SEE PRESS OFFICE / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Ватикан ја објави првата фотографија на папата Франциск по неговата хоспитализација

Прес-службата на Ватикан испрати до медиумите фотографија од папата Франциск, фотографиран од профил, додека служел миса во капелата на болницата Агостино Гемели во Рим, каде што бил примен на 14 февруари.

Ова е прва фотографија од понтифот дадена за медиумите откако е во болница поради двојно воспаление на белите дробови.

„Доживувам период на искушение, јас сум на страната на многу болни браќа и сестри кои моментално се чувствуваат ранливи“, истакна папата Фрациск во својата неделна писмена порака до верниците од болницата Гемели во Рим, каде што се уште е хоспитализиран.

„Нашите тела се слаби, но, дури и под овие околности, никој не може да не спречи да се сакаме, да се молиме и да се даваме од себе“. Да бидеме, еден за друг, во нашата вера, светли знаци на надеж“, додаде понтифот, чие здравје се подобрува.

Френциск им се заблагодари на сите верници за нивните молитви, како и на сите лекари и медицински сестри кои му пружаат нега во болницата Агостино Гемели во Рим.

Папата не пропушти да им се заблагодари на 300-те деца кои во неделата наутро се собраа на плоштадот на клиниката за да му понудат „симболична прегратка“.

„Знам дека многу деца се молат за мое исцелување, некои од нив дури дојдоа во болница за да ми покажат дека се блиску до мене. Ви благодарам, драги деца. „Папата ве сака и секогаш чека да се сретнеме“, нагласи Франциск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот