Вардар - Алкалоид/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Вардар вторпат во една недела го победи Алкалоид и продолжи да чекори кон титулата

Екипата на Вардар 1961 плеј-офот во Суперлигата го почна славејќи на гостувањето кај Алкалоид со тесни 33-32. За вторпат во краток период, Иван Чупиќ ја надмудри легендата Кирил Лазаров, потврдувајќи дека Вардарци го имаат рецептот за победи против својот ривал.

Дуелот беше вистинско дерби, исполнето со пресврти и неизвесност. Првото полувреме се играше како рововска битка, водството постојано се менуваше, а двете страни немаа повеќе од еден гол предност. Вардар прв направи серија пред паузата, казнувајќи ги грешките на Алкалоид и стигна до највисоки +4 (15-19), но домаќините успеаја да ја намалат разликата на 17-19 на одмор.

Во вториот дел, грубата игра на момент на ракометарите на Алкалоид им донесоа два седмерци на гостите, кои веднаш ги искористија за да се одлепат на +4 (19-23). Сепак, Борзаш и Костески вратија надеж на домаќините со голови за 22-24 и 24-25, додека разликата постојано се менуваше до 26-27. Потоа, со голот на Вардар за 26-28, Валах дојде до осмата интервенција, а Хориха од пивот зголеми на +3 (26-29), што практично го реши натпреварот.

На нешто повеќе од минута пред крајот, Алкалоид имаше шанса да внесе неизвесност, но Валах го прочита шутот на Тордарсон, за Вардар да го забележи првиот триумф во плеј-офот. Ќе потсетиме, минатата недела Вардар исто така славеше во Автокоманда во последниот натпревар од првиот дел од сезоната.

ГАЛЕРИЈА | Вардар славеше во дербито против Алкалоид во Автокоманда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот