Фото: Слободен печат/Методи Здравев

ГАЛЕРИЈА | Вардар славеше во дербито против Алкалоид во Автокоманда

Денеска во дербито од 22 коло во најдобрата македонска машка ракометна Супер лига во салата „Автокоманда“ во Скопје екипата на Вардар 1961 триумфираше над Алкалоид со 28:25.

Алкалоид беше тимот кој прв постигна гол (1:0) преку Борзаш, но Вардар беше тој воглавно одржуваше позитива до крајот на првото полувреме.

„Црвено-црните“ постепено имаа гол разлика, а за првпат во седмата минута со погодокот на Малус дојдоа и до „плус два“ (5:3).

Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев

При 8:6 по 12 минути игра, домаќините врзаа два погодоци преку Борзаш за израмнување и радост кај навивачите на Алкалоид.

Егал беше и во 18 минута кога реализираше Велковски, но се вратија играчите на Чупиќ на плус два со головите на Митровиќ и Франциско Да Силва (12:10). По првото полувреме Вардар имаше минимална предност од 14:13.

На стартот од вториот дел фуриозно почнаа ракометарите на Лазаров со серија од 4:0 за преземање на водството од 18:16, а нешто подоцна имаа и 19:17.

Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Следуваше одговорот на Вардар кој исто така имаше поддршка од своите навивачи дојдени во Автокоманда, при негатива од 20:19, направи серија од 4:1 за нова позитива на семафорот од 23:21.

Се врати за момент Алкалоид за ново израмнување со головите на Велковски и Митев за одржување на шансите на овој меч.

Вардар дефинитивно дојде на ова гостување со амбиции да слави победи, со константност во играта што ја покажуваше во текот на сите 60 минути. Повторно дојде на „плус два“ на пет минути до крајот на овој дуел преку Малус и Франциско да Силва.

Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Алкалоид го даде сиот максимум за да направи целосен пресврт, но сите негови налети успеа да ги запре Вардар кој дојде до 21 победа сезонава и до нови бодови во трката за титулата.

Најрасположен во победничките редови беше Малус со 10 погодоци, следен од Митровиќ со шест. Значаен придонес имаше и Валах со 11 одбрани. На спротивната страна доминираше Борзаш кој девет пати се запиша во листата на стрелците.

На табелата пред стартот на последната фаза од шампионатот, Вардар е на врвот со 42 бодови, додека Алкалоид е на четвртото место со 35.

Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот