Вардар против Е. Пелистер во финалето за куп трофејот

Е. Пелистер е вториот финалист во Купот на Македонија/фото: РК Е. Пелистер

Битолски Е. Пелистер лесно ја скокна првата пречка во Купот на Македонија кој се одржува во Кавадарци.

Денеска на Ф4-турнирот во спортската сала „Јасмин“ „зелените“ славеа над Бутел Скопје со резултат 26:21.

Најефикасен во редовите на Е. Пелистер беше крилото Јосип Божиќ Павлетиќ со шест гола ,а на спротивната страна, по пет погодоци имаа Марко Митев и Мирко Мајиќ.

Играчите предводени од тренерот Жељко Бабиќ во финалниот натпревар (15 мај, недела, 19.30 часот) одат против вечниот ривал Вардар 1961 кој е бранител на тронот.

Претходно во првото полуфинале скопските „црвено-црни“ го елиминираа вториот тим на Е. Пелистер.

За в сабота се закажани полуфиналните куп двојки во женска конкуренција: ЖРК Куманово – ЖРК Металург (14.00 часот) и ЖРК Ѓорче Петров – ЖРК Чаир (17.00 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот