Вардар од бездната до ѕвездите, по трет пат ќе игра во Келн

Фото EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вардар трета година по ред ќе биде дел од завршниот турнир во Келн, откако го преживеа драматичниот реванш натпревар против ПИК Сегед и успеа да ја одбрани залихата од осум голови од првиот дуел.  Вардарци загубија во реваншот со 29:25 иако случувањата во првото полувреме навестуваа потоп на македонскиот тим.

Вардар одлично го започна натпревар, не се исплаши од атмосферата од трибините, и во почетните минути имаше контрола врз резултатот (3:4) и тука ракометарите застанаа. Тоа го истористи унгарскиот тим и прво со серија од 4:0 дојде ја презеде контролата врз играта но и врз резултатот. Нервозата стана видлива кај вардарци, и негатиата постојано растеше, од 11:6 , за во финишот да биде и достигната предноста од Скопје (16:7).

Во второто полувреме, предноста на ПИК Сегед постојано варираше од 7-9 голови (23:14). Оддеднаш Вардар почна да игра како што фановите очекуваат, за само пет минути сосерија од 6:0 од минус дојдоа до негатива од само 25:23 што беше знак дека на „црвено-црните“ им се насмевнува  третото учество на фајнал фор турнирот во Келн. Најпрецизен во редовите на Вардар беше Игор Карачиќ со осум постигнати голови, пет даде Криштопанс, а четири беа дело на Дибиров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот