Вардар на пат кон Келн, декласиран ПИК Сегед

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вардар со победа се прости од навивачите, во последниот европски натпревар пред своите фанови, успеа да го совлада ПИК Сегед и со едната нога е на завршниот Ф4 турнир во Келн.

Вардарци ги оставија сите проблеми зад нив и на своите навивачи им приредија вистинска ракометна рапсодија во последниот европски натпревар во Скопје. Ниту фановите не останаа должни, креираа фантастична атмосфера како последен поздрав до ракометарите. На крајот Вардар славеше со 31:23, а предноста од осум голови влева големи надежи дека „црвено-црните“, трета година по ред ќе бидат дел од завршниот турнир во Келн.

Иако постојано ја имаа контролата врз резултатот со водство од два до три голови, разликата, Вардар ја направи во последните 10 минути. Тогаш на сцена стапи голманот Милосављев со неколку одлични интервенции и од 24:21, вардарци направија серија од 5:0 и дојдоа до убедлив триумф изразен со осум голови разлика.

Игор Карачиќ и Даирис Криштопанс со по осум постигнати голови беа најпрецизни во редовите на Вардар, шест постигна Сташ Скубе, а на голот Дејан Милосављев имаше 10 одбрани.

Реванш дуелот помеѓу Вардар и ПИК Сегед се игра на 5 мај во Унгарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот