Вардар не е ни во Топ 10 фаворити за титулата во Лигата на шампионите

Вардар 1961 својот прв меч во ЛШ ќе го има в среда во Норвешка против Елверум/Фото: seha-liga.com

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави својот прв ранкинг на екипи кои барем досегашните перформанси имаат полемите шанси за освојување на титулата во Лигата на шампионите.

Како што е веќе познато, новата натпреварувачка сезона 2021/22 во ЛШ ќе стартува в среда, а од 18.45 часот во Норвешка македонскиот првак Вардар 1961 ќе го има својот прв натпревар во рамките од групата „А“ против Елверум.

„Црвено-црните“ ова лето загубија во Суперкупот на Македонија од Е. Пелистер, потоа им се реваншираа на битолчани на струшкиот турнир. Беа дел од меѓународниот турнир во Магдебург каде што играчите на Веселин Вујовиќ триумфираа над данскиот Холстебро, а во финалето претрпеа пораз од домаќинот.

Во СЕХА лигата беа подобри во четвртфиналето од ППД Загреб и обезбедија пласман на Ф4 турнирот, но поради еден позитивен случај на ковид-19 регионалното натпреварување го исклучи нашиот претставник од настап во Задар.

Од летово нови засилувања се голманите Мартин Томовски и интернационалецот од Кувајт, Али Сафар, потоа полското лево крило Јан Чувара, српското десно крило Дарко Ѓукиќ (може да игра и како десен бек), францускиот пивот Жереми Тото, хрватските плејмејкери Анте Кудуз (може да игра и како лев бек) и Анте Гаџа, како и десните бекови, Кубанецот Јоел Моралес, и Шпанецот Едуардо Гурбиндо, иако за овој последниот се шпекулира дека е можно да го напушти клубот. И секако тука е тренерот Вујовиќ кој дојде како наследник на Стевче Алушовски.

Денеска беше објавено дека нови играчи на екипата се француските браќа близнаци, Кевин и Оливие Њокас.

Во изборот на ЕХФ прв фаворит за титулата европски шампион е Кил, а како учесници на Фајнал-фор турнирот во 2022 година ги гледа уште Веспрем на нашиот Дејан Манасков, актуелниот шампион Барса и Кјелце.

ЕХФ ранкинг
Лига на шампиони (сезона 2021/22)

1.Кил (Германија)
2.Веспрем (Унгарија)
3.Барса (Шпанија)
4.Кјелце (Полска)

5.ПСЖ (Франција)
6.Алборг (Данска)
7.Пик Сегед (Унгарија)
8.Мотор Запорожје (Украина)
9.Монпеље (Франција)
10.ППД Загреб (Хрватска)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот