Љевар Фото: Слован Љубљана/Фејсбук

Вардар гради тим за следната сезона – хрватски бомбардер преговара со „црвено-црните“

Двократниот европски шампион Вардар игра одлично оваа сезона како во домашната Суперлига така и во Европската лига. Плановите на „црвено-црните“ се да ја освојат шампионската титула во македонската Суперлига и да се пласираат во најквалитетното европско натпреварување – Лигата на шампионите.

Според информациите на „Handballia“, 24-годишниот хрватски лев бек Леон Љевар, моментално играч на словенечкиот шампион Слован Љубљана, е во сериозни преговори со Вардар 1961.

Вардар за следната сезона го договори десното крило Воркапиќ кој на лето ќе дојде од српскиот вицешампион Војводина.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот