Вардар денеска ќе го игра првиот осминафинален меч во СЕХА лигата

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Со почеток од 17.30 часот денеска екипата на Вардар 1961 против Металопластика ќе го игра првиот натпревар од осминафиналето во СЕХА лигата. 

Договорено е двата меча да се играат во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје, „црвено-црните“ се фаворити, но тоа треба да го докажат на теренот. Вториот меч ќе се игра утре во истиот термин.

Во групата „Б“ Вардарци го освоија третото место со учинок од три победи и три порази, а српскиот претставник Металопластика во групата „А“ со една победа и пет порази се најде на последната четврта позиција.

Победникот од овој двомеч во четвртфиналето на ова регионално натпреварување ќе се сретне со ППД Загреб.

Познати се скоро сите четвртфинални двојки, Е. Пелистер ќе се соочи со Мешков Брест, потоа Татран Прешов за ривал го има Мотор Запорожје, а Нексе ќе игра против Веспрем на нашиот репрезентативец Дејан Манасков.

Вардар го претстави и новиот пикер, Жереми Тото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот