Фото: RK Eurofarm Pelister

Вардар 1961 славеше во дербито над Еурофарм Пелистер и е поблиску до титулата

Денеска во дербито на машката ракометна Суперлига, екипата на Вардар 1961 славеше во Битола над директниот конкурент за титулата, Еурофарм Пелистер, со резултат 27:22.

По првото полувреме водеа домаќините со 12:11, но следуваше пресвртот на скопските „црвено-црни“ кои го добија вторите 30 минути со 16:10.

Во победничките редови Јака Малус постигна осум голови, а еден помалку Милан Лазаревски.

На спротивната страна по три погодоци имаа Дејан Манасков, Андреј Видомски, Рудолф Хакбарт и Филип Кузмановски.

На табелата сега Вардар 1961 има 46 бодови, шест повеќе од Еурофарм Пелистер на втората позиција.

Во следното коло играчите на Иван Чупиќ на 28 март ќе го пречекаат ГРК Охрид, додека тимот на Стевче Алушовски истиот ден ќе гостува кај Бутел Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот