Вардар 1961 го имаше првиот тренинг на Златибор

Фото: facebook.com/rkvardar

„Црвено-црните“ во Србија ги продолжуваат подготовките за новата натпреварувачка сезона 2021/2022 за темпирање на формата пред вистинските предизвици.

Составот на Вардар 1961 на Златибор ќе се подготвува во следните 10 денови и ќе се работи на физичката подготвеност и на воигрување на новите играчи кои сезонава ќе играат во составот на Веселин Вујовиќ.

Вардарци ќе учествуваат и годинава на традиционалниот Струшки ракометен турнир кој ќе се одржи во периодот од 12-15 август.

Ќе се натпреваруваат и екипите на Струга, Металург, Е. Пелистер, Бутел и Тиквеш.

Еден ден порано, односно на 11 август во Охрид ќе се одигра ракометниот Супер Куп, во кој ќе се сретнат екипите на Вардар 1961 и Е. Пелистер.

Ракометарите на Е. Пелистер ги започнаа подготовките за новата сезона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот