Ракометарите на Е. Пелистер ги започнаа подготовките за новата сезона

Ракометарите на Е. Пелистер ги дознаа противниците во Лигата на Европа/ Фото: Е. Пелистер

Еурофарм Пелистер започна со подготовки за сезоната 2021/22, планот на подготовки е од 19-23 јули играчите бидат во Битола.

Потоа, од 23 до 30 јули се селат ракометарите на Жељко Бабиќ во Маврово, а од 1 до 11 јули следуваат и подготвителните натпревари.

На 11 август Е. Пелистер ќе ги одмери силите против Вардар 1961 во Суперкупот на Македонија, а на 21 август е четвртфиналето во СЕХА Газпром лигата против Мешков Брест од Белорусија.

Од клубот потврдија дека нови засилувања се Реиние Табаода (Данкерк), Јосип Божиќ-Павлетиќ (Гепинген), Филип Ивановски (Е. Пелистер 2), Мартон Секељи (Порто) и Немања Обрадовиќ (ППД Загреб).

Си заминаа Марин Вегар, Дарио Петровски, Градимир Чаневски, Карим Хендави, Благојче Трајковски и Невен Стјепановиќ.

Како што е веќе познато битолскиот клуб и во следната сезона има загарантирано место во групната фаза на Лига Европа.

Во текот на вчерашниот ден беше објавен официјалниот ростер за сезоната во сите натпреварувања –

Голмани: Марко Кизиќ, Мартон Секељи, Филип Ивановски.
Леви крила: Гоце Ојлески, Бојан Маџовски
Десни крила: Ненад Костески, Јосип Божиќ Павлетиќ
Леви бекови: Стипе Мандалиниќ, Немања Обрадовиќ, Дејан Кукуловски, Милорад Кукоски
Средни бекови: Јосип Периќ, Реиние Табоада, Марио Танкоски
Десни бекови: Матео Мараш, Мартин Велковски, Мирко Радовиќ
Пивоти: Никола Маркоски, Томислав Кушан, Елмир Граџан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот