Фото: „Стоп за Усје“

Во сабота нов протест на „Стоп за Усје“: Марш поради „молкот на институциите и бегањето од одговорност“

По двете одржани блокади, од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најавија дека во сабота, на 31 јануари ќе се одржи протестен марш со почеток во 12:00 часот, како притисок за, како што велат, поефикасна институционална реакција за правото на чист воздух во Скопје.

„Стоп за Усје“ ги стокми барањата: Не може да биде „деловна тајна“ што испуштаат индустриските капацитети во воздухот

Маршот ќе стартува пред Владата, ќе продолжи кон Собранието и ќе заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од иницијативата ги повикуваат граѓаните масовно да се приклучат и порачаа дека досега испратиле барања до повеќе институции, но, според нив, не добиле одговор. Токму затоа, велат, одговорите повторно ќе ги побараат „на улица“, со порака дека ниту еден профит не смее да биде поважен од здравјето и животот на граѓаните.

Од „Стоп за Усје“ нагласија дека протестите се граѓански и дека не се дозволени партиска промоција и партиски симболи и апелираат маршот да помине мирно, без насилство и без говор на омраза. Во својот повик, од иницијативата посочуваат дека нема да се повлече, сè додека, како што тврдат, јавноста се уверува со бројки од мерења „кои ги прави самата фабрика“.

ВИДЕО | Густа магла во главниот град: И утрово Скопје меѓу најзагадените градови во Европа

Наспроти овие обвинувања, од цементарницата ТИТАН Усје претходно реагираа дека работат согласно домашната регулатива и дека имаат континуиран 24-часовен независен мониторинг на емисиите, со јавно достапни резултати од мерењата. Од компанијата тврдат дека во изминатите шест години инвестирале над 36 милиони евра, од кои дел биле за унапредување на заштитата на животната средина, и дека не ги надминуваат граничните вредности утврдени во дозволите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот