ВИДЕО | Густа магла во главниот град: И утрово Скопје меѓу најзагадените градови во Европа
Утрово Скопје е меѓу најзагадените градови во Европа, со индекс на загаденост од 114, според податоците на IQAir.
Препорачано
Најзагадено е во општина Центар, каде индексот на загаденост е 230.
Директорот на Клиниката за пулмологија, д-р Оливер Зафировски вели дека состојбата е алармантна бидејќи загадувањето на воздухот во Скопје се повторува секоја година со ист интензитет, а пациентите со хронични белодробни заболувања се тие што најмногу ја плаќаат цената.
Скопје утрово, според податоците од IQAir, е на петто место по загаденост во Европа. Пред Скопје се најдоа Краков, Истанбул, Атина, додека Сараево е на прво место.
Синоќа, најзагадената точка во Македонија околу 22 часот била забележана на мерна станица, која се наоѓа во дворот на струмичкото основно училиште „Никола Вапцаров“ и градинката „Детска радост“. Таму AQI-индексот, кој комбинира повеќе загадувачки параметри, достигнал вредност 339, што се смета за „опасно“ дури и за потполно здравите луѓе.
Отровен воздух: Вечерва е најзагадено во двор од градинка во Струмица


