Фото: Слободен печат / Драган Митрески

В четврток „Стоп за Усје“ организира блокада пред Цементарница: Воздухот во Скопје нема да се исчисти сам

Од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ на 25-ти декември во 18 часот пред Цементарница „Усје“ најавуваат блокада и ги повикуваат граѓаните на протестен собир со порака дека „воздухот во Скопје нема да се исчисти сам“.

ГАЛЕРИЈА | Токсичен облак над Скопје

Според податоците на меѓународната платформа Climate TRACE, Цементара „Усје“ е идентификувана како еден од најголемите извори на загадување од ПМ2.5 честички, рангирана меѓу првите 10 отсто емитери на глобално ниво.

Како што наведуваат од Иницијативата, податоците на апликацијата со вештачка интелигенција Climate TRACE, базирани на сателитско следење и моделирање на индустриските емисии, покажуваат јасни облаци од ПМ2.5 честички кои се движат директно кон Скопје, што, според нив, укажува на значително влијание врз квалитетот на воздухот во градот.

Од „Стоп за Усје“ нагласуваат дека во македонската регулатива сè уште не е утврден дневен лимит за ПМ2.5 честичките, иако тие се значително поопасни по здравјето од ПМ10. За ПM10 честичките, согласно правилникот на Министерството за животна средина, дозволено е надминување на граничните вредности најмногу 35 дена во текот на една година.

Дополнително, оттаму додадоа дека според Светската здравствена организација (СЗО), доколку ПM10 или ПМ2.5 ја надминат дневната дозволена вредност повеќе од три до четири дена годишно, воздухот се смета за потенцијално штетен за здравјето на луѓето — состојба која, како што велат од иницијативата, во Скопје се јавува многу почесто.

ВИДЕО | Густа магла во главниот град: И утрово Скопје меѓу најзагадените градови во Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот