Фото: МИА

Утврдени лажни фактури во увозот на пелети

Министерството за економија утврдило дека се доставуваат лажни фактури во делот на увозот на пелети. Затоа, како што соопшти денеска министерот Крешник Бектеши, трговците на мало и на големо со пелети се жалат на цената која е замрзната.

Според Бектеши, цената на пелетите не ја утврдува Министерството за економија, а лажните фактури се кривично дело за кое треба да следуваат санкции и надлежните институции мора да постапат соодветно.

-Цената на пелетите не ја утврдува Министерството за економија, тоа доаѓа како предлог од „Македонски шуми” и од страна на цените од Царинската управа. Цената пријавена во Царинската управа е 24 денари за килограм. Ако тие доставиле лажни фактури и направиле договори со производителите во странство. Ги повикувам УЈП и Секторот за надзор во Царинската управа веднаш да постапат и да ги контролираат и да бидат санкционирани. Ако кај нас се доставуваат 24 денари, а тие не можат да продаваат со 27 денари, тогаш тие фактури кои се пријавуваат во Царинската управа, јас како министер одговорно кажувам дека се лажни и тоа е кривично дело по кое треба да постапуваат надлежните органи, истакна Бектеши по средбата со производителите и со претставниците на најголемите ланци маркети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот