Уставен суд табла / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Уставен суд привремено ја стопираше употребата на графата за етничка припадност

На седница на Уставен суд денеска беше донесена одлука со која привремено се става надвор од употреба одлуката на министерот за правда Кренар Лога, со која се издава извод на родени во која е вклучена и етничката припадност. Исто така Уставниот суд донесе времена мерка за неиздавање на овие документи.

На седницата присуствуваше и министерот за правда Кренар Лога кој Упатството го потпишал на 29 мај, а во Службен весник е објавено на 15 јуни.

Лога по седницата изјави дека е вистина дека не е испочитуван уставниот рок од Секретаријатот за законодавство и Службен весник, но оти тоа не е направено од негова страна.

-Такви пропусти имало во минатото во сите службени весници и јас носам неколку од нив, рече Лога. Според него, Уставниот суд не треба да ја отвора Пандорината кутија, бидејќи во речиси секој Службен весник има непочитување на уставни рокови и дека дури и има непочитување и Уставниот суд.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дека поранешна министерка за правда реагираше дека е неуставно упатството што тој го потпишал а се однесува на внесување на етничката припадност во изводот во матична книга, рече дека таа (Рената Дескоска ) не е компетентна да го кажува тоа, бидејќи „ги избегнала уставните измени и сама, како што рече, се номинирала за член на Венецијанската комисија.

Лога не одговори и на прашањето кои држави во изводот има графа за етничка припадност, туку кажа контра прашање и тоа : во кои европски земји во Уставот стои „јазик што го зборуваат 20 отсто од граѓаните“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот