Успешен тест на кадетите пред настапот на СП

macedoniahandball.com.mk

Македонија како генералка пред СП славеше со конечен резултат 32:26 (12:12), но нашите репрезентативци се намачија за да го совладат упорниот противник.

Бевме во постојано водство во текот на целата средба, но таа позитива се движеше од еден до два гола разлика. Дури во последните 10 минути беше скршен отпорот на Чиле кој со својата игра ја „имитираше“ Аргентина, нашиот прв противник на СП.

Сигурно и нашите кадети добро ќе го анализираат мечот и во наредниот период го намалат бројот на грешки во фаза на нападот. Најдобар стрелец на вечерашната средба беше нашиот Серафимов со седум погодоци.

Првата средба на Мундијалот ќе ја играме на 6 август, во ВИП Арена СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје, со почеток од 20.30 часот против Аргентина. Во групата Ц се наоѓаат уште репрезентациите на Нигерија, Бахреин, Данска и Јапонија. Првопласираните четири од секоја група ќе одат во осминафиналето. Повеќе информации на официјалниот сајт на Мундијалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот