Метју Пери на забава на „Џеј-кју“ / Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

Уште еден човек е осуден на затвор за смртта на Метју Пери

Казнениот прогон за смртта на Метју Пери, ѕвездата од „Пријатели“ кој почина во октомври 2023 година, е при крај. Петмина осомничени се изјаснија за виновни за различни улоги во снабдувањето со кетамин, кое на крајот го уби Пери на 54-годишна возраст. Четворица веќе се осудени, а се очекува последниот да биде осуден во наредните денови, пишува „Асошиејтед прес“.

Ерик Флеминг, 56, советник за зависности, се изјасни за виновен во 2024 година за заговор за дистрибуција на кетамин и дистрибуција на дрогата што резултирала со смрт или сериозни повреди откако го поврзал Пери со дилерката Џасвин Санга, познат во Холивуд како „Кралицата на кетаминот“.

Флеминг сега е осуден на две години затвор, а обвинителите тврдат во правни документи дека тој помогнал во дистрибуцијата на 51 ампула кетамин на Пери во октомври 2023 година, вклучувајќи ја и фаталната доза, пренесува „Скај њуз“.

Пред изрекувањето на пресудата, Флеминг достави писмо до судот во кое ја опиша сопствената борба со зависноста, рече дека е свесен за тоа што го направил и дека „разбира каква болка ќе предизвика смртта на Пери кај луѓето што го сакаа“. Тој, исто така, се извини на семејството на Пери, велејќи дека „длабоко жали за моето неоправдано однесување во овој случај“.

„Набавив кетамин за Метју Пери затоа што ги сакав парите и затоа што мислев дека правам услуга за пријател“, напиша тој, додавајќи: „Никогаш не размислував за најлошиот можен исход“.

Флеминг го замоли судот да не го толкува неговото писмо како обид за минимизирање на одговорноста.

– Овој ужасен неуспех ќе ме прогонува засекогаш – напишал тој.

Да потсетиме, „Кралицата на кетаминот“ Санга претходно беше осудена на 15 години затвор. Доктор Салвадор Пласенсија доби две и пол години затвор за нелегално снабдување на Пери со кетамин во неделите пред неговата смрт. Докторот Марк Чавез беше осуден на осум месеци домашен притвор откако призна дека му продал кетамин на Пласенсија, додека Кенет Ивамаса, асистентот на Пери кој живеел со него, треба да биде осуден во текот на мај.

Докторот кој го снабдил Метју Пери со кетамин е осуден на две и пол години затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот