Фото: Dario Ivanovski / FB

ВИДЕО| Уште еден одличен резултат за Дарио, второ место на маратонот во Белград

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски оствари одличен резултат на маратонот во Белград, каде утрово го освои второто место.

Иако не успеа да го подобри личниот рекорд, Ивановски трката ја заврши со време од 2:09:35, што сепак беше доволно за висок пласман на подиумот. Победата ја однесе Гемсиса Гада од Етиопија со време од 2:09:11, додека трет заврши Кениецот Џон Ерот.

Македонскиот атлетичар особено импресионираше во вториот дел од трката, кога со одличен ритам успеа да се искачи од четвртата на втората позиција, потврдувајќи ја својата д добра форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот