Уште еден македонски репрезентативец во Џио Струмица

фото: vfmkd.mk

Откако ги обезбеди услугите на Владо Милев, Џио Струмица потпиша договор со уште еден македонски репрезентативец – Васе Михаилов. Искусниот, 34 годишен одбојкар, којшто игра на позицијата примач, цела кариера од натпреварувачката 2005/2006 до лани ја мина во својот матичен клуб, а минатата сезона настапуваше за Вардар.

Само по една година во главниот град, Михаилов реши да се врати во Џио Струмица преземајќи две улоги. Покрај играчката, тој ќе има обврска да работи и со младите одбојкари во клубот којшто во последната деценија доминираше во македонската одбојка.

Џио Струмица во европскиот Челенџ куп со репрезентативецот Милев

Со оглед дека долго беше најдобар играч во домашниот шампионат и во купот, Михаилов постојано го носеше дресот на нашата репрезентација, што значи дека е освојувач на три сребрени медали во Европската лига, а ја заработи и честа да игра на Европското првенство 2019, дебитантско за нас.

Со ангажманот на Михаилов, кој ќе биде старо-нов капитен на екипата, а претходно и на Милев, Џио Струмица значително ја засили примачката дијагонала пред да се обиде да обезбеди уште неколку звучни имиња во составот.

Амбиција на клубот е есенва да се врати на европската сцена со учество во Челенџ купот на ЦЕВ, да биде најсериозен кандидат за освојување на двојната круна кај нас, но и да го засили процесот на создавање квалитетна конкуренција во младинските категории од коишто наскоро би произлегле новите ѕвезди на струмичката и на македонската одбојка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот