Уште две жртви паднаа на мото-трка на озлогласениот Остров Ман
Инцидентот се случил близу до стартот. На мото-трките на овој британски остров често се случуваат несреќи со фатални последици, а морничавата историја на овој спортски настан досега бележи над 260 загинати
Озлогласените мото-трки на Островот Ман (Isle of Man) зедоа уште две жртви. Еден натпреварувач и еден маршал на патеката загинале во инцидент во кој биле повредени уште двајца на оваа трка наречена „Садерн 100“.
Препорачано
Организаторот нe ги објави имињата на загинатите, но трката била прекината. Според извештаите, несреќата се случила во близина на стартно-целната линија. Полицијата оттогаш ја потврди смртта на еден возач и еден маршал.
Оваа трагедија доаѓа само пет недели откако шпанскиот моторист Раул Торас Мартинез (46) загина во третиот и последен круг на трката „Супертвин“, што се одржува на патека на овој британски остров.
Голем број трагични несреќи се случуваат речиси секоја година на неколку трки што се одржуваат на Островот Ман.
Несреќите со смртни последнци честопати поттикнуваа барања или да се намалат ризиците или да се забранат трките на оваа патека целосно.
Шест натпреварувачи загинаа минатата година. Вкупно има над 260 загинати тркачи, гледачи или стјуарти во историјата на овие трки кои започнаа во 1907 година.


