Уште двајца туристи завршија во болница со симптоми на труење во Истанбул по смртта на мајката и двете деца

Турскиот министер за правда Јилмаз Тунч соопшти дека се приведени четворица осомничени улични продавачи на храна кои претходно имале кривични пресуди.

Уапсени се четворица осомничени за предизвикување смрт од небрежност, откако германска жена и нејзините две деца починале во Истанбул, а таткото е сѐ уште на интензивна нега, изјави во петокот министерот за правда Јилмаз Тунч, објави „Дојче веле“.

Уште двајца туристи, кои престојувале во истиот хотел со германското семејство, биле однесени во болница во саботата, откако се пожалиле на мачнина и повраќање, објави „Си-ти-ви њуз“.

Властите затвориле еден од угостителските објекти во истaнбулскиот реон Бешикташ и земале примероци од повеќе места каде што се верува дека семејството јадело.

Семејството, брачна двојка и нивните деца на возраст од шест и три години, пристигнало во градот во неделата. Според извештаите, тие јаделе кај неколку улични продавачи во населбата Ортакој, популарна туристичка зона на Босфорот.

Набргу потоа, сите четворица се разболеле со симптоми на труење со храна.

Во средата биле однесени во болница, но подоцна биле пуштени. Децата починале кратко по повторното примање во болница, а потоа и мајката. Таткото е сè уште на интензивна нега, пренесуваат турските медиуми.

Две деца починаа од труење во Истанбул – нивните родители се на интензивна нега

Министерот за правда, Јилмаз Тунч, изјави дека се вршат тестови за да се утврди дали токму консумираната храна директно ја предизвикала смртта.

„Земени се примероци од местата каде што се знае дека јадело семејството, а четворица се приведени,“ потврди тој.

Според сознанијата, сите осомничени имаат претходни пресуди за други кривични дела.

Според медиумите, семејството јадело школки со ориз, слатки, како и кокореч, печено јадење од јагнешки црева, и полнети компири.

Семејството, кое наводно е со турско потекло и живеело во Германија, престојувало во Истанбул на одмор. Германското Министерство за надворешни работи потврди дека станува збор за германски државјани и дека е во контакт со локалните власти.

Трагедијата предизвика голема загриженост во Турција околу безбедноста на уличната храна, која е многу популарна и меѓу локалните жители и меѓу туристите, особено во населбите покрај Босфорот.

Паника во САД: шест смртни случаи поврзани со јадење готови тестенини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот