Фото: EPA / PETER FOLEY

Паника во САД: шест смртни случаи поврзани со јадење готови тестенини

Шест лица починаа, а десетици се хоспитализирани низ САД откако консумирале готови јадења со тестенини контаминирани со листерија, што ги натера властите да издадат итно предупредување до граѓаните да ги проверат своите фрижидери.

Американската администрација за храна и лекови (FDA) го прошири повлекувањето на производите на Нејт фајн фудс (Nate’s Fine Foods) што се продаваат во големите малопродажни синџири како што се Трејдер Џо, Кругер, Волмарт и др., објави Unilad.

Според најновите податоци од Центрите за контрола и превенција на болести (CDC), вкупниот број на заразени лица се зголеми на 27 лица во 18 американски држави. Од 26-те лица за кои има детални информации, дури 25 се хоспитализирани. За жал, имало шест смртни случаи, а еден случај на инфекција кај бремена жена резултирал со губење на фетусот.

„Нејт фајн фудс е посветен на највисоките стандарди за безбедност на храната и благосостојбата на нашите потрошувачи. Како превентивна мерка, доброволно повлекуваме одредени производи откако бевме известени за потенцијална врска со епидемија на Listeria monocytogenes во повеќе држави“, се вели во соопштението за медиумите од компанијата.

Повлекувањето првично опфаќаше неколку производи, но подоцна се прошири и вклучи седум различни вкусови на тестенини готови за јадење. Листеријата е болест предизвикана од бактеријата Listeria monocytogenes која може да се шири преку храната. Симптомите се движат од благи симптоми слични на грип до тешки, опасни по живот состојби како што е менингитис.

Според CDC, бремените жени, новороденчињата, постарите лица и лицата со ослабен имунолошки систем се изложени на најголем ризик. Поблагите симптоми вклучуваат треска, болки во мускулите, главоболка, гадење, повраќање и дијареја. Тешките симптоми може да вклучуваат вкочанет врат, конфузија, губење на рамнотежа и напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот