Уругваецот раскинува со Гремио: Лионел Меси го чека Луис Суарез во декември?!

Лионел Меси и Луис Суарез/фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Луис Суарез го направи првиот чекор кон преселба во Интер Мајами, за да им се приклучи на пријателите од Барселона Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Уругвајскиот напаѓач се договори со бразилски Гремио да го раскине договорот во декември оваа година, една година пред истекот, за да премине во МЛС клубот од јануари 2024 година.

Суарез шест сезони ја делеше соблекувалната на Барселона со Меси, од 2014 до 2020 година, тие се големи пријатели и се очекува повторно да соработуваат на крајот од кариерата во МЛС лигата. Постоеше желба Суарез да го засили клубот ова лето, но го кочеше двегодишниот договор со Гремио кој го потпиша од почетокот на 2023 година.

Според новинарот Фабрицио Романо, 36-годишниот Уругваец постигна договор со Бразилците да ја заврши сезоната и да се пресели во Интер Мајами како слободен играч.

За Гремио постигна 11 гола на 24 меча, имаше повреда на коленото која му ја доведе кариерата во прашање, но верува дека сè уште е во добра форма, со желба за игра, а гладен и за голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот