Урсула фон дер Лајен: Отворањето на граничниот премин Рафа кон Газа е важен прв чекор

Урсула фон дер Лајен/ ФотоBRITTA PEDERSEN / AFP / Profimedia

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави отворањето на граничниот премин од Египет кон Газа, за камиони со хуманитарна помош за палестинската енклава и изјави дека тоа ќе биде „важен прв чекор што ќе го олесни страдањето на невините луѓе“.

-Го поздравувам отворањето на граничниот премин Рафа кон Газа за хуманитарна помош. Ова е важен прв чекор што ќе го олесни страдањето на невините луѓе. Им благодарам на сите што го овозможија тоа – напиша Фон дер Лајен на платформата Икс.

Камиони со хуманитарна помош кои со денови чекаа на египетскиот премин кон Газа почнаа денеска да влегуваат на таа територија, на 15-тиот ден од војната меѓу Израел и палестинската управа Хамас, која е на власт таму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот