Фото: Профимедиа

Уролог предупредува: Пет утрински навики што им штетат на бубрезите, а не сме ниту свесни за тоа

Бубрезите се тивки работници на нашиот организам, тие ја филтрираат крвта, ги отстрануваат токсините и ја одржуваат рамнотежата на течностите. Но, секојдневни ситници можат полека да им нанесуваат штета, а без воопшто да не сме свесни за тоа.

Д-р Венкат Субраманиам, угледен уролог од Ченај, предупредува на пет утрински навики кои можат долгорочно да го ослабнат работењето на бубрезите, пишува „Тајмс оф Индија.Индија тајмс“ (timesofindia.indiatimes.com).

1. Задржување на урината по будењето

Во текот на ноќта, мочниот меур се полни до врвот, па првото нешто што треба да се направи по будењето е одење во тоалет.

Игнорирањето на оваа природна потреба го зголемува притисокот врз мочниот меур и бубрезите, го поттикнува развојот на инфекции и може да го оштети бубрежното ткиво.

Лекарот советува:

„Никогаш не ја задржувајте урината предолго – ниту наутро, ниту во текот на денот.“

2. Пиење кафе пред вода

Ако не внесете вода по будењето, телото влегува во новиот ден лесно дехидрирано.

Ако наместо тоа посегнете по кафе или чај, кофеинот дополнително го поттикнува губењето на течности.

Ова го отежнува процесот на детоксикација и ги оптоварува бубрезите.

За да го избегнете тоа, започнете го денот со најмалку една чаша вода, па дури потоа со кафето.

3. Земање лекови против болка на празен стомак

Нестероидните антиинфламаторни лекови можат да го намалат протокот на крв низ бубрезите и, при честа употреба, да предизвикаат воспаление или оштетување.

Ризикот е уште поголем кога се земаат на празен стомак.

Советот на докторот е јасен:

„Ако мора да земете лек, направете го тоа за време на оброк или веднаш по јадење.“

4. Недоволна рехидратација по утрински тренинг

Физичката активност е одлична за здравјето, но со потењето се губат вода и минерали.

Без навремена надополнување на течности, доаѓа до дехидрација, што ја намалува циркулацијата во бубрезите и ја отежнува нивната работа.

 

„По секоја физичка активност, подгответе шише со вода и пијте постепено – не одеднаш“,  препорачува едноставно правило д-р Субраманиам.

 

5. Прескокнување на појадокот

Без утрински оброк, нивото на гликоза опаѓа, а киселоста во телото расте.

Тоа доведува до честа желба за солени и преработени производи, кои дополнително ги оптоваруваат бубрезите.

Според експертот, најдобриот избор е појадок богат со протеини, овошје и зеленчук, кој обезбедува енергија и истовремено ги штити бубрезите.

Бубрезите работат 24 часа дневно, но нивната сила зависи и од малите одлуки што ги носиме секое утро.

Неколку едноставни промени – чаша вода, урамнотежен појадок и избегнување на лоши навики – можат да направат огромна разлика за нивното здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот