Улогата која го прослави Бред Пит очајнички ја посакувал друг холивудски заводник – „Бев лут и долго време не сакав да го гледам филмот“

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Бред Пит денеска е голема ѕвезда и по него лудуваат многу жени во светот, но пред 30-на години кога тој беше на почетокот на кариерата, тоа не беше така.

Улогата која што го прослави беше онаа на крадецот Џеј Ди во филмот „Thelma and Louise“. Пит денес вели дека е благодарен за приликата, но дека му е непријатно кога себеси се гледа во сцените од тој филм.

Од друга страна, истата улога очајнички ја посакувал и еден друг славен актер, а кога не ја добил, долго бил лут поради тоа. Станува збор за Џорџ Клуни, кој што во тоа време исто така не бил ниту близу до статусот ѕвезда во кој ужива денес.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Најсмешното од сè е што долго не сакав да го погледнам филмот. Во тоа време работев многу лоши работи на телевизија. Неколку пати одев на аудиција за тој филм, а на крај изборот беше меѓу Бред и мене, но сепак се одлучија за Бред. Јас ниту неколку години потоа не можев да го погледнам филмот“ – раскажа Клуни во еден момент додека одговараше на прашање од обожавателите.

Тој исто така додаде дека смета дека улогата заминала во правилни раце.

„Кога конечно го погледнав, знаев дека добро избраа. Тој беше многу добар во таа улога, а јас сигурно дека некако ќе ја уништев“ – признал Клуни.

Бред Пит неодамна и сам се присети на улогата која го лансираше во Холивуд.

„Многу сум им благодарен на Ридли Скот и Џени Дејвис кои ми ја дадоа можноста бидејќи тие тогаш беа во повисока лига. Немав што да понудам освен моите улоги како статист, но тие сепак ми дадоа шанса. Искрено да ви кажам, мислам дека беа очајни. Снимањето тогаш веќе беше започнато, а јас една седмица подоцна бев на сетот“ – раскажа Бред Пит за „The Sun“.

Тој додаде дека сепак му е непријатно да ги гледа тие сцени.

„Свесен сум дека мојот глас е висок, сигурно ми се стегнал задникот со оглед на тоа дека тоа беше мојот прв филм“, раскажа тој смеејќи се.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот