Украински шампион во шах и неговата девојка отруени во Москва

фото: твитер

Руските извештаи споменуваат неименувани извори дека парот биле пронајден со пластични кеси над главите и шише со азотен оксид.

Двајца истакнати млади шахисти од Украина се пронајдени мртви во Москва, а извештаите во весниците велат дека се отруени со „гас за смеење“.

Телата на Станислав Богданович, 27-годишен велемајстор и неговата 18-годишна девојка Александра Вернигора, исто така рангирана шахистка, се пронајдени во четвртокот вечерта.

Портпаролката на истражниот комитет на Русија, Јулија Иванова, изјави дека денес нема знаци на насилство.

Руските извештаи споменуваат неименувани извори дека парот биле пронајден со пластични кеси над главите и до нив шише со азотен оксид.

Овој гас предизвикува неконтролирано смеење, нитрат оксид за првпат се користеше како анестетик во 1844 година, но сега се користи и како средство за рекреација што се поврзува со голем број на смртни случаи.

Меѓу другото може да предизвика отежнато дишење, забрзана работа на срцето и изгореници.

Богданович е велемајстор од Одеса кој победил на многу турнири. Во 2015 година беше осми во светот во брзопотезен шах. Вернигора, пак, беше професионална шахистка и студентка на Универзитетот во Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот