Украина планира да издаде поштенска марка за да ја одбележи победата на Евровизија

евровизија
Украинската група Калуш Оркестара / Фото: EPA-EFE

Поштата во Украина наскоро планира да издаде посебна поштенска марка за да го одбележи успехот постигнат на Изборот за песна на Евровизија.

ФОТО+ВИДЕО | Украина е победник на Евровизија 2022

Украинската група Калуш Оркестара убедливо ja победи конкуренцијата благодарение на невидениот одѕив на телевизиски гледачи од цела Европа, кои гласаа за Украина.

Имено, за дизајнот на поштенската марка ќе одлучува уметничкиот одбор, напиша на „Фејсбук“ првиот човек на украинската пошта Игор Смељански, додавајќи дека се надева дека се ќе се одвива со забрзано темпо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

И успехот на последните две украински победници на Евровизија, пејачките Руслана и Џамала, беше одбележан со издавање на комеморативни марки. Неодамна, украинската пошта издаде марка посветена на украинските војници на Змискиот остров во Црното Море кои одбија да се предадат на екипажот на руски воен брод.

Смељански објави скица за новата поштенска марка на која треба да пишува „Помогнете му на Мариупол – Помогнете му на Азовстал“ – зборови на фронтменот на групата, Олег Псјук по прогласувањето на победникот во саботата вечерта на сцената во Торино.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

Пејачот исто така рече дека бендот има намера да го продаде својот евровизиски трофеј на аукција и парите од продажбата да ги донира на Украина и на украинските вооружени сили. Украинските власти ветија дека земјата ќе биде домаќин на натпреварот следната година, без оглед на војната.

Во моментов Украина не може да реализира ваков настан поради вонредната состојба. На сила е ноќниот полициски час, а на вооружениот конфликт со Русија, за жал, не му се гледа крајот…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот