УФЦ најде дупка во законот и ја откри локацијата каде ќе се одржуваат борбите

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, вчера откри дека е многу блиску до изнајмување или купување на приватен остров на кој непречено би се одржувале борбите и потврди дека УФЦ 249 приредбата ќе се одржи во предвидениот термин, 18. април.

Вајт и УФЦ успеаја да пронајдат подобро решение од приватниот остров и тоа на локација во САД иако на сила е забрана за сите спортски активности.

„Њујорк тајмс“ пишува дека УФЦ 249 приредбата ќе се одржи во Калифорнија, поточно во Тачи Палас казино ресорт. „Финтата“ е во тоа што локацијата на казино ресортот е во сопственост на индијанското племе Тачи-Јокут, односно е на федерално признатата заедница Санта Роса, а тоа значи дека не е под јурисдикција на американските федерални власти.


Казиното е затворено од 20 март поради пандемијата на коронавирусот, но се поизгледно е дека сопствениците и УФЦ се наоѓаат пред конечен договор и УФЦ 249 приредбата ќе се одржи во предвидениот термин.


На УФЦ 249 нема да настапи шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов бидејќи се наоѓа во родната Русија и не смее да ја напушти државата поради државниот карантин. Противникот на Хабиб, Тони Фергусон во главната борба ќе се бори против Џастин Гетје.

Прочитајте и...  Словенечкиот судија кој им судеше на Ливерпул и на Сити уапсен за време на оргиите кај Тијана Ајфон

Прочитај повеќе

Гогов: Можеби ќе бидеме првиот второлигашки клуб во историјата кој ќе игра во Европа!

Слободен печат

Само еден играч имаше повеќе победи против Леброн, Џордан и Коби! (ВИДЕО)

Слободен печат

Аусилио: Јанг и Санчез се наши, Лаутаро може да го купите за 111 милиони евра!

Слободен печат

Националната пливачка федерација: Во најбрзо време да ги отворите базените!

Слободен печат

Интервју со Благојче Трајкоски: Силен Еурофарм Пелистер е добро за македонскиот ракомет!

Фидан Коминовски

Управниот одбор на ФФМ одлучи, сезоната продолжува без испаѓање од Првата лига и со баражи за вторите лиги

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Култниот Ф1 тим се продава?

Слободен печат

Вардар поразен и во Лозана: Арбитражниот суд пресуди против „црвено-црните“ во случајот Максимов

Слободен печат

Светот се сеќава на трагедијата на Хејсел: Не тераа да играме додека од страна лежеа мртви луѓе (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Лигата на шампионите наместо во Истанбул ќе се игра во Германија

Слободен печат

Северниот сосед ја откажа сезоната во Суперлигата , Србија без шампион

Слободен печат

И Работнички се тестираше на корона пред враќањето на тренинзите 

Слободен печат